Приведена кумановка заврши во затворот Идризово
Утрово во 09.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја привеле Е.П.(43) од Куманово, која била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 236 став 1, во врска со член 22 од Кривичниот законик. Е.П. била спроведена во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
08.08.2024 - 16:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа