Приведена група разбојници
Вчера на подрачје на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош и полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода 19-годишниот Г.Ш., 18-годишниот Р.М., 18-годишниот Н.Т. и тројца малолетници, сите од Скопје, извести МВР.
„Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во Градски парк на подрачје на Карпош со закана од А.Т.(20) од с.Ржаничино, скопско, одзеле пари и личен предмет. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа