Приведен скопјанец - ја присилил малолетната ќерка да питачи во Дебар

 


Вчера во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.

Тој се сомничи дека го сторил казненото дело  „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.

За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.

11.07.2025 - 14:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега