Приведен разбојник, осуден на казна затвор од три години
Ноќеска во 01.15 часот во село Ангелци, струмичко, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода Д.П.(21) од село Ангелци. Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено поправна установа – Затвор Струмица за доиздржување на две години и пет месеци од казната.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.
05.03.2024 - 10:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа