Приведен насилник баран со потерница
Вчера во 09.15 часот на улица „Гоце Делчев“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Б.Р.(38) од Скопје, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.
14.03.2024 - 10:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа