Приведен дилер на дрога во струмичко
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, синоќа во 19:00 часот во струмичкото село Василево, го лишиле од слобода Т.М.(39) од село Василево, бидејќи кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, подоцна со судска наредба бил извршен претрес и во неговиот дом во село Василево, при што биле пронајдени и одземени една тегла и неколку пакувања со марихуана, повеќе пакувања со амфетамин и една дигитална вага.
-Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против Т.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа