Пристигнуваат пари за овие четири хороскопски знаци

Венера влезе во Близнаци, а Нептун и Сатурн одат ретроградно, па астролозите објаснуваат дека треба да бидеме внимателни со инвестициите и потенцијалните долгови. Сепак, кај одредени знаци посоодветна ќе биде положбата на планетите, па ќе имаат и финансиска среќа

Венера во аспект со Јупитер нѐ прави расположени за игра, па некои знаци ќе имаат среќа кога се работи за игрите на среќа.

Ако се прашувате кој ќе има пари до 3 јули, тоа се Бикот, Водолијата, Ракот и Девицата.

БИК

Марс се приближува до вашиот знак, а додека го чекате 6 јули, Венера веќе влезе во вашето второ поле, па целата ваша енергија е насочена кон парите. Ова е периодот во кој парите ќе ви се лепат, а тоа е идеална можност да заработите нешто повеќе. Бидејќи Близнаците се двоен знак, не е исклучено да добивате пари од два извори на финансирање.

ВОДОЛИЈА

Иако Сатурн е ретрограден, па го плаќате заостанатиот долг, Венера во петтата куќа ви носи можност да победите во игрите на среќа. Тоа е интересен период во кој можете да добиете нешто врз основа на играта, па не би било лошо да си ја пробате среќата.

РАК

Сонцето во вашиот знак носи повеќе пари. Бидејќи е во аспект со Нептун, треба многу да потрошите, но и доволно ќе заработите. Вие сте во идеална позиција да барате покачување. Пазете се од џепчии, бидејќи Сонцето во аспект на Непутн може да ви донесе исчезнување на парите.

ДЕВИЦА

Венера во Близнаци ви носи голема заработка преку бизнисот. Тоа е и можност да добиете покачување или подобро платена работа. Личност со различен темперамент од вас може да ви понуди соработка која ќе биде отскочна даска во вашата кариера.

25.06.2022 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа