Пријателите и колегите се збогуваат со Метју Пери
Веста за трагичната смрт на актерот Метју Пери силно одекна низ целиот свет.
Неговите колеги и пријатели преку социјалните мрежи ја изразуваат својата тага поради загубата.
Меги Вилер, која ја играше девојката на Чендлер, Џенис на „Пријатели“, зборуваше за трагедијата и рече дека „радоста што ја донесе Чендлер на толку многу во неговиот прекраток живот ќе трае“: „Се чувствувам благословена за секој креативен момент што го споделивме“, сподели таа на Инстаграм.
Нора Ферчајлд, која ја играше мајката на Чендлер, Нора Бинг, рече: „Срцето ми е скршено од прераната смрт на мојот „син“... загубата на толку талентиран млад актер е шок!
Актерката Мира Сорвино, која глумеше со него во филмот „Паралелни животи“ од 1994 година, изрази неверување и шок на мрежата „Икс“: „О, не!! Метју Пери!! Ти прекрасна, измачена душа! Се надевам дека ќе најдеш мир и среќа на небото , и дека со еден скок ќе ги насмеете сите“, оставајќи емотикон со скршено срце.
Засега неговите колеги и пријатели од истоимената серија јавно не ја објавија оваа тажна пригода.
Инаку актерот почина рано утринава во својот дом во Лос Анџелес, според неофицијални извештаи за сомнителен срцев удар додека бил во џакузи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа