Превентивниот проект „Безбедност во училиштата“ пред основците во Гази Баба

 

Денеска (15.05.2023), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка и координација со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Гази Баба, а согласно превентивниот проект „Безбедност во училиштата“, на тема „Улога на полицијата во демократското општество“ организираше и реализираше едукативни работилници со ученици од основните училишта „Глигор Прличев“ и „Стив Наумов“.

На работилниците што се одржаа во просториите на ПСОН Гази Баба беше разговарано за улогата и функцијата на полицијата во спроведувањето на законите, потоа за заштитата на детските права, и во тој контекст беше нагласена и важноста од соработката меѓу училиштата и полицијата, како клучен фактор во остварување на механизмите на превенција и обезбедување на сигурност и заштита на децата од разните форми и облици на социо-девијатно поведение во и надвор од училишната средина.

15.05.2023 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега