Претреси во беровско - полицијата најде пушка и патрони
На 10.03.2024 во с.Умлена, беровско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово извршиле претрес во домот и простории кои ги користи Б.Р. (50) од с.Умлена, информираат од МВР.
При претресот биле пронајдени и одземени ловечка пушка и повеќе ловечки патрони калибар 12 мм. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
11.03.2024 - 16:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа