Претрес во битолскиот затвор: Пронајдена марихуана, таблети, телефон
Вчера во 20.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес во просторијата во која биле сместени осудениците М.Б.(28) од Битола, А.Т.(32) од Прилеп, А.Ф.(32) од Прилеп, Е.С.(27) од Скопје и Е.М.(30) од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе различни таблети и мобилен телефон.
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола извршиле увид и го подигнале пронајденото за понатамошна постапка.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа