Пресврт во случајот со убиството на Данка
После цели три часа завршило сослушувањето на Срѓан Јанковиќ, еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ (2). Тој бил изнесен од зградата на Вишото јавно обвинителство во Зајечар, а како што пренесе „Блиц“ Јанковиќ го негирал извршувањето на делото за кое се товари и рекол дека не учествувал во убиството на девојчето.
Јанковиќ два месеци молчеше за убиството на девојчето, а потоа неговиот бранител го извести обвинителството дека осомничениот се ќе каже.
Сепак, иако се навестуваше дека ќе открие што се случило со Данка Илиќ, како и каде е нејзиното тело, со оглед на тоа што Дејан Драгијевиќ претходно го признал делото и детално го опишал, без да прецизира каде е телото на девојката, тој шокираше со својот исказ односно негирал дека го сторил делото и изјавил дека никогаш не ја видел девојката?!
За потсетување, двегодишното девојче Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор. По десетдневна потрага и детална проверка на сите индиции и информации, полицијата ги уапси Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од село Злот.
Како што соопштија надлежните, Јанковиќ управувал со службениот автомобил со кој ја удрил девојката, но не ни знаел дека тоа го направил додека не му кажал Драгијевиќ кој бил на совозачкото место.
После тоа, наводно ја ставиле девојката во автомобил мислејќи дека е мртва, а кога Данка се разбудила Драгијевиќ ја удавила.
Според досегашните информации нејзиното тело било фрлено во депонија.
Телото на девојчето Данка Илиќ до сега не е пронајдено.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа