Премиерот Заев во Собранието зборуваше за се но не кажа ниту еден збор за вакцините

Премиерот во Собранието зборуваше за се, но не кажа ниту еден збор за вакцините. А можеби и затоа што ги нема.
Говорот го почна со деловничко објаснување за пратениците, односно зошто се решил да се повика на гласање на доверба без за тоа да се дебатира во Собранието.

„Но, претходно дозволете да објаснам за храброста за која што ме повика опозицијата преку процедуралните прашања. Членот 217 став 2 ја дава можноста на претседателот на Владата да побара барање за доверба на владата и вели “во случај кога прашањето за доверба на владата го поставува претседателот на Владата усно на седница на Собранието, Собранието гласа за доверба  на владата на истата седница без расправа“,  и да точно е дека јас сум прв премиер кој што бара доверба на владата од самостојноста на нашата, и да точно тоа е дека тоа е и храброст, но одговорност и решителност и апсолутно грижа за институциите, за граѓаните, за економијата и за стопанството“ – рече Заев.

Потоа пред Собранието објаснуваше дека граѓаните на изборите летово ја одбрале коалицијата на СДСМ за да ја води државата. Ја обвини опозицијата дека ги блокира сите процеси во Собранието
Зборувајќи за резултатите кои според Заев о подобриле животот на граѓаните премиерот изброја неколку проекти но за вакцините ниту еден збор

„ Паралелно со спроведувањето на здравствената стратегија за ефикасно справување со КОВИД-19 се работеше и се подготвија четвртиот и петтиот пакет економски мерки со цел одржливост на  економијата, спас на работните места и грижа за никој да не биде изоставен.
Во инклузивен процес, со консултација на сите засегнати страни насочивме околу 1 милијарда и 300 милиони евра кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација.
Инициравме процеси во енергетиката и енергетската ефикасност и активиравме тренд на преминување кон извори на чиста енергија и на сигурно снабдување со гас за македонската гасоводна мрежа чија градба е во напредна фаза. Почна реализација на фотоволтаичните централи.
Водени од најнепосредната грижа за граѓаните ја завршивме постапката со ТАВ за пренамена на 35 милиони евра за 99 проекти за 75 општини.
Како одговорни политичари, но пред сѐ како граѓани, се обврзуваме на силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина со 70 милиони евра еколошки чистиот и брз автобуски систем во Скопје. Ги прогласивме Осоговските Планини за заштитен предел. Во тек е и прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје, а вчера го предадовме во Собранието Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје.
Најавивме и влеговме во време на прочистување на судството и неселективно владеење на правото.
Паднаа првите пресуди за најтешките дела за злосторничко здружување против државата и граѓаните. Процеси со правна разрешница кои поминаа низ независни, ефикасни, транспарентни и законски судски рочишта.
Започна пописот како чиста статистичка операција од чии показатели ќе  произлезат насоките за некои од најзначајните прашања за идниот стратешки развој на земјата.
Од оваа година Северна Македонија слави една година од членството  во НАТО со уште едно одличје на кое пишува - „Ние сме НАТО. Заедно сме посилни“.
Како Македонци и со нашиот македонски јазик ќе бидеме и членка на ЕУ.
И сето тоа го постигнавме наспроти сите опструкции, блокади и пречки на најголемата опозициска партија – рече Заев.

Македонија денеска може да се каже дека влегува во третиот бран од корона вирусот со над 800 нови случаи за 24 часа. До овој момент во земјава нема ниту една вакцина освен оние кои ни ги донираше Србија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега