Премиерот не знае дали новиот директор на М-НАВ е внук на Али Ахмети
Премиерот Димитар Ковачевски не знае дали новиот директор на М-НАВ, Хекуран Асани, е внук на Али Ахмети. Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека ја знае само професионалната биографија на лицето.
„Не знам чиј внук е, 25 години е контролор на летање“, рече Ковачевски.
Прашан како успеале да променат две владини одлуки во неколку часа, да предложат едно лице, да утврдат дека не исполнува услови и да донесат нов заклучок со друго лице – премиерот не гледа ништо спорно.
„Јас гледав многу информации кои одеа во медиумите. Имаше повеќе кандидати кои беа предложени и разгледувани од страна на Владата. И врз основа на тоа двајца кандидати беа изводени. Меѓутоа се виде дека според статутот мора да биде контролор на летање. Од сите негови кандидати, кандидатот кој е избран, тој е оценет како квалитетен. Донесена е добра одлука“, додаде Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа