Преку Фондацијата Заев донирани 22 тони храна и хуманитарна помош за граѓаните погодени од катастрофалниот земјотрес

 

Поранешниот премиер Зоран Заев на својот официјален фејсбук профил објави дека преку Фондацијата Заев - едно општество за сите, заедно со компаниите “Мамас” и “Тотал инженеринг”, денеска испратиле 22 тони разновидна конзервирана храна, како хуманитарна помош за граѓаните од регионите погодени од катастрофалниот земјотрес.

„Денес преку Фондацијата Заев - едно општество за сите, заедно со компаниите “Мамас” и “Тотал инженеринг”, испративме 22 тони разновидна конзервирана храна, како хуманитарна помош за турскиот народ, односно за граѓаните од регионите погодени од катастрофалниот земјотрес.
Испраќаме јавна благодарност до Турската амбасада во Северна Македонија за одличната соработка при реализацијата на хуманитарната помош.
Сочувствуваме со нашите пријатели, особено со семејствата кои изгубија свои ближни и останаа без своите домови. Се молиме за сите кои поминаа низ агонијата, а на повредените во земјотресот им посакуваме побрзо оздравување и враќање во нормалните текови на живеење.
Да останеме луѓе, да останеме пријатели, но никогаш, ама баш никогаш и никаде низ светот, да не се случи тоа што се случи на турскиот и сирискиот народ."- стои во неговата објава.
 

 

15.02.2023 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега