Пред 29 години загина Дражен Петровиќ

Пред точно 29 години, на 7 јуни 1993 година, во сообраќајна несреќа во Германија загина кошаркарскиот Моцарт, Дражен Петровиќ. Легендата на светската кошарка, ден пред трагичната несреќа играше квалификациски натпревар во Полска за репрезентацијата на Хрватска.

Петровиќ по турнирот реши да се врати дома во Загреб со автомобил со својата нова девојка Клара Саланти и нивниот пријател Хилал Едебал, наместо да се качи авионот со кој репрезентацијата се враќала во Хрватска.

Александар Петровиќ, постариот брат на Дражен, тогаш асистент-тренер на репрезентацијата го информирал тимот дека неговиот брат се враќа со автомобил.

Во 17.20 часот, камионџија од Холандија се излизга на влажниот автопат и влезе во другата лента, додека Саланти го возеше „Фолсквагенот голф“ со Дражен на сопатничкото место во длабок сон.

Камионот беше застанат во трите ленти, а возачот се обидуваше да сигнализира на автомобилите да сопрат. Меѓутоа, Саланти, која возела 160 км/ч ја загубила контролата на возилото и автомобилот удрил во банкината, па во застанатиот камион. Саланти и Едебал преживеаја, додека Петровиќ, кој не бил врзан со заштитениот појас бил фрлен во насоката на камионот и добил фатални повреди на главата.

Денеска на неговиот гроб во Загреб, како и пред споменикот на неговиот роден град Шибеник ќе бидат поставени цвеќиња во одбележувањето на трагичниот ден.

Со прекар „кошкаркарскиот Моцарт“, Петровиќ беше роден во Шибеник на 22 октомври 1964 година. Тој е прогласен за најдобар европски кошаркар во историјата, а остави свој печат и во НБА лигата со Њу Џерси нетс, со кои имаше просек од 20.6 поени во 36.9 минути на теренот не пропуштајќи ниту еден натпревар.

07.06.2022 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа