Пратеничките од СДСМ со поддршка за Адеми

Пратеничките од СДСМ, Даниела Николова Љубица Спасова застанаа зад претседателот на Комисијата за европски прашања кој вчера со филџан и шишиња фрлаше кон пратениците од опозицијата.

Тие преку социјалните медиуми му дадоа поддршка, обвинувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ го направило инцидентот.

-На Комисијата за европски прашања пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цел ден се обидуваа и на крај направија инцидент, пишува Николова на Фејсбук.

Спасова, пак, Адеми го оцени како најдобар претседател на оваа Комисија.

-На Комисијата за европски прашања пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цел ден се обидуваа и на крај направија инцидент. Пратениците се најповикани да ги почитуваат законите, но пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цел ден го кршат Деловникот и на крај му се нафрлија и го нападнаа Адеми со пцости, вулгарности и физички контакт, пишува Спасова.

 

28.06.2022 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа