Пратеничка од Нов Зеланд снимена додека крадела облека, поднесе оставка

Пратеничка од Нов Зеланд поднесе оставка по повеќе обвинувања за кражба во продавница. Голриз Гахраман од Партијата на зелените, наводно три пати крадела од две продавници за облека. Поранешната адвокатка на ОН за човекови права влезе во историјата во 2017 година како прв бегалец во владата на Нов Зеланд. Рекла дека поради стрес почнала да се однесува „чудно“.

„Изневерив многу луѓе и многу ми е жал“, додаде таа.

Гахраман побегнала од Иран со своето семејство како дете и добила политички азил во Нов Зеланд.

Таа денеска поднесе оставка откако на социјалните мрежи се појавија снимки од надзорните камери на кои се гледа како зема дизајнерска чанта од бутик во Окленд, јавува Би-би-си.

16.01.2024 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега