Познати добитниците на награди по традиционалниот стрип конкурс

 

Стрип центарот на Македонија- Велес го објави список на наградените стрипови и автори од овогодинешниот  традиционален меѓународен стрип конкурс „ЗЛАТЕН СТРИП“ како дел од активностите на 20-тиот Интернационален стрип конкурс „ВЕЛЕС 2023“ -5-та стрип колонија. Се пријавија вкупно 171 стрипа.

Прва награда на конкурсот добива стрипот Пиг Аут на авторскиот тим : Аљоша Томиќ , Милорад Милановиќ Маза и Марко Стојановиќ

Наградата за освоено второ место  ја делат

·Ана и Сара Живковиќ  од Белград Србија за стрипот MU

·Даниел Данил од Романија за стрипот  ПРАВДАТА НА ВЛАД ТЕПЕШ-

Трета награда ја делат:

· Миодраг Спасојевиќза стрипот Феникс –  Уздизање:

·Војдан Андонов/ Цанко Стефанов за стрипот “At Death’s Door”/“Умри пред смрт”

Награда за уметнички израз добива авторскиот тим Марко Николиќ/Марко Стојановиќ од Србија за стрипот Господари и слуги

Со награда за најдобро сценарио се заќити Младен Ољача, Србија за стрипот „МY NAME IS“

Категорија до 18 години:

·Најдобар автор од Македонија:  Елена Апостоловска-Стајковци, Скопје

·Најдобар автор од други земји :   Аурора Тот-Апатин. Србија

·Најдобар уметнички израз во категорија до 18 години Влера Чиче, Скопје

Категорија до 14 години:

·Најдобар автор - Вилма Дамњановска, Петровец, Скопје

Пофалници:     

·Магдалена Маријановиќ –Ресен,

·Меланија Андова Велес       

Специјална награда на Стрип центар за најдобар автор од Македонија доби Методија Стојановски-Куманово.

Наградата за највозрасен учесник ја доби Тоде Блажевски од Скопје.

Наградата за најмлад учесник на конкурсот и припадна на Ивона Живковиќ од Лесковац, Србија.

Наградите ќе се доделат за време на свеченото отварање на Интернационалниот стрип салон „Велес 2023“  кое ќе се одржи на 23.08.2023 со почеток во 20 ч во просториите на Europe House Велес.

Стрип центарот на Македонија 'Велес подготвува широк опсег на активности со гости од разни земји, за што стрип јавноста ќе биде благовремено информирана.

15.08.2023 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега