Познат идентитетот на удавениот маж во Дојранското Езеро - МВР со детали
Денеска во 10.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало неколку метри, по што се удавило. Утврдено е дека станува збор за Д.М.(43) од скопско.
Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето.
18.07.2024 - 17:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа