Пожарот во Дојран се гаси и со хеликоптер кој брзо полни вода од езерото и дејствува

На пожарот во Дојран моментално дејствува еден хеликоптер кој брзо полни од езерото.

Пожарот првично избил на депонијата, а поради ветрот се шири и кон градот.

Од пожарот беа зафатени и три куќи каде беше извршена евакуација на граѓаните, засега нема повредени.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на почетокот на Стар Дојран од десната страна се одбранети куќите да не се запалат, но опасно е поради експлозии од неексплодирани гранати од минатите војни.

30.07.2024 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега