Пожар во Берово, едно лице заврши во болница

Во вечерните часови во текот на вчерашниот ден избувнал пожар во куќа во Берово при што едно лице е повредено и пренесено во болница. Пожарникарите час и половина го гаснеле пожарот.

Пожарникарите од Берово ноќеска од 22.55 до 30 минути по полноќ со две возила и четворица пожарникари гаселе пожар во куќа во градот, соопшти Центарот за управвање со кризи (ЦУК).

„Во пожарот едно лице се здобило со повреди (изгореници) и истото е пренесено во Здравен дом Берово. Инаку, во последното деноноќие, имало извештаи дека речиси секаде пожарникарите имаме помали интервенции, што најчесто значи дека имало гаснење пожари на отворено“ велат од ЦУК.

Центарот за управување со кризи апелира да не се палат отпадоци на отворено бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиентлниот воздух.

„Истовремено апелираме за внимателност при прошетките во прекрасната природа на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при вакви зимски услови со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите“, се вели во соопштението на ЦУК.

 

23.01.2024 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега