Повремени врнежи од дожд и засилен јужен ветер
Денеска, на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час), што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, каде што ќе бидат пообилни. В петок ќе настапи преодно стабилизирање, велат од УХМР.
Промена на времето ќе има в сабота кога под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи што ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови.
На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено по должината на Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.
Во Скопје в сабота времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег и ќе се формира помала снежна покривка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа