ОН повикаа на процесуирање на злосторниците во конфликтот во Газа


Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОХХР) Волкер Турк изјави дека сторителите на сериозни прекршувања на човековите права во конфликтот меѓу Израел и Хамас мора да бидат кривично гонети.

„Вкоренетата неказнивост за која ОХХР предупредува со години не смее да продолжи“, напиша Турк во својот извештај за ситуацијата во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег.

Тој нагласи дека оваа неказнивост придонесува за кршење на правата кои можат да прераснат во меѓународни злосторства.

Австриецот ги повика сите страни вклучени во конфликтот „да стават крај на неказнивоста и да спроведат брзи, независни, непристрасни, темелни, ефективни и транспарентни истраги“ за наводните злосторства.

Турк, исто така, повика на примирје од хуманитарни причини, за да се обезбеди целосно почитување на меѓународното право и да се обезбеди гонење на оние кои го прекршуваат.

23.02.2024 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега