Последни подготовки пред пуштање во производство на фотонапонска електрана во Осломеј
Последни подготовки се вршат на терен пред пуштањето во процес на производство на новата 10-мегаватна фотонапонска електрана Осломеј.
Увид во активностите денеска извршија заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, Имер Зенку и директорот за развој и инвестиции, Благој Гајдарџиски, кои на лице место беа информирани за завршните активности и за првичните податоци за перформансите на електраната.
Електраната се наоѓа во пробен период и наскоро ќе биде вклучена во електроенергетскиот систем.
Ова е прва сончева електрана во целосна државна сопственост, односно во сопственост на АД ЕСМ.
Во моментот во тек е реализација на фотонапонска електрана од 100 MW со јавно-приватно партнерство, исто така на локации на исцрпениот рудник за јаглен во РЕК Осломеј.
АД Електрани на Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа