Последен сончев ден: Утре доаѓа дожд и значително пониски температури


Последен сончев ден оваа недела. Од утре доаѓа дожд и намалување на температурите.

Времето утре ќе биде облачно, почнувајќи од северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови (над 20 л/м2), а наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

Во Скопје облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Во четврток сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат од 0 до 9 степени, а максималните од 12 до 18.

Во петок променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималните температури од 0 до 8 а максималните од 12 до 17 степени.

Во сабота променливо облачно со локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Утринските температури ќе бидат од 5 до 12 степени а дневните од 13 до 19.


07.11.2023 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега