Поранешниот премиер Имран Кан од затвор прогласи победа на изборите
Поранешниот пакистански премиер Имран Кан од затвор прогласи победа на општите избори во земјата, преку аудио-визуелна порака направена со помош на вештачка интелигенција (АИ).
Во пораката објавена на платформата X, Кан го отфрли тврдењето на неговиот ривал, поранешниот премиер Наваз Шариф, за победата на неговата партија PLM.
Кан ги повика своите приврзаници да ја прослават постигнатата победа, и покрај, како што вели, пресметка со неговата партија.
Независните кандидати поддржани од Кан освоија најмногу гласови на изборите во четвртокот, и покрај тоа што тој беше во затвор и неговата партија беше забранета на гласачките ливчиња.
Претходно денеска Шариф објави дека неговата партија Пакистанската муслиманска лига победила на парламентарните избори во земјата, но не откри колку пратенички места освоила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа