Поради дојавите за бомби доцнеше почетокот на рочиштето на Мухамед Зеќири

 

 

Дојавите за бомби кои денеска ги добиле повеќе скопски училишта го одложија за без малку половина час рочиштето за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Катерина Коларевиќ доцнеше на судењето поради тоа што училиштето во кое учи нејзиното дете добило дојава за бомба.

Зеќири е обвинет за злоупотреба во Генералниот секретаријат во Владата. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле 145.400 евра. Во периодот од април 2021 до јануари 2022, како генерален секретар на Владата, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

15.12.2022 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега