Попладнево повторно дојави за бомби во средни училишта во Скопје

 

Попладнево повторно дојави за бомби во училишта во Скопје. На електронската адреса на 8 средни училишта упатена е закана за поставени експлозивни направи.

Информацијата за Прес24 ја потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи, но засега нема детали за кои училишта точно станува збор.

-Дo сега, попладнево, e пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР за Прес24.

 

30.12.2022 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега