Полска ги подигна воените авиони
Полската војска ги подигна своите воздухопловни сили и ги стави во состојба на готовност за да го заштити својот воздушен простор за време на руските напади врз западна Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.
„Поради интензивните активности на руската авијација со долг дострел, која врши напади врз цели во западна Украина, полските и сојузничките авиони почнаа со операции во нашиот воздушен простор“, се вели во соопштението на платформата Икс.
Оперативната команда соопшти дека „сите расположливи сили и ресурси се активирани. Дежурните борбени ескадрили се подигнати во воздух, а системите за противвоздушна одбрана и радарските единици се доведени на највисоко ниво на подготвеност“.
Целта на овие мерки, како што наведуваат полските власти, е „да се обезбеди безбедност во пограничните области“. Патем, полската војска редовно издава такви предупредувања кога западните делови на Украина се цел на руски напади.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа