Полицијата се сомнева дека телото на Данка е закопано на гробиштата


Полицијата наводно се сомнева дека телото на Данка можеби е дури и закопано на гробиштата, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата ги одзела лопатите и мотиките и ги однела на вештачењето, за да утврди она во што се сомнева.

Инаку, полицијата веќе неколку дена собира докази во куќата на Драгијевиќ и ги одзема сите сомнителни предмети со надеж дека ќе најде барем некаква трага каде може да биде телото на детето, а за тоа време мајката на Дејан изјавува дека не знае зошто го прават ова. Но, сепак таа  за медиумите во Србија потврди дека полицијата одзела лопати, мотики, ножеви, секири и моторна пила… 

Инаку, денеска беше погребан Далибор Драгијевиќ, кој пред смртта требаше да биде на распит во просториите на Вишото јавно обвинителство во Зајечар. Тој беше осомничен дека го прикрил делото и помагал да се сокрие телото на брутално убиената мала Данка Илиќ (2), која исчезна на 26 март во блиската населба Бањско Поле.

11.04.2024 - 16:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега