Полицијата приведе баба – МВР ја барала по централна потерница
Скопската полиција ја уапси 61-годишна С.М. на подрачјето во скопски Центар, соопшти МВР, додавајќи дека апсењето се случило попладнево во 17:25.
-За неа била распишана централна потерница, врз основа на судска наредба, осудена на казна затвор во траење од 5 години за сторено кривично дело "даночно затајување" по член 239 од Кривичниот законик, велат од МВР.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
14.11.2023 - 18:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа