Полицијата го расчисти случајот со тепање куче во Радовишко

Во Полициска станица во Радовиш на 01.02.2023 околу 14.00 часот е пријавено дека на социјалната мрежа Фејсбук на страна на здружение за заштита на животни е објавена видео снимка на која се гледа тепање куче, со употреба на тврд предмет, од страна на С.Т. од село Ораовица.

Од страна на полициски службеници, информираа денеска од МВР, веднаш се преземени мерки, лицето е пронајдено, со него е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности.

- Утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во соопштението од МВР.

03.02.2023 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега