Полицајци на повеќе сообраќајници низ Велес делеа едукативни флаери за пешаците и возачите
Со цел да се спречат сообраќајни незгоди и несреќи предизвикани од невнимателност на учесниците во сообраќајот, полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, денеска на повеќе локации во градот – кај гимназијата, на С’рмаале, кај трговскиот и на други локации делеа преветивно-едукативни материјали флаери со пораки за безбедност на пешаците и на возачите.
Полицајците под мотото „И јас и ти,сите сме пешаци“ за пешаците делеа флаери со порака да бидат многу внимателно каде минуваат и строго на обележан пешачки премин. Додека, пак, за возачите под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш, секој повик може да почека“ со порака да внимаваат со која брзина го управуваат моторното возило, да запираат пред обележаните пешачки премини и да не користат мобилен телефон при возење.
Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев во изјава за медиумите потенцира дека безбедноста на сите учесници во сообраќајот е на прво место. Посочи дека овие превентивни активности на полицијата можат да даваат резултати само ако сите учесници во сообраќајот доследно ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
– Со цел подигнување на нивото на сообраќајна култура и намалување на бројот на жртвите во сообраќајот, отсекот за превенција на СВР Велес во соработка со одделението за полиција Полициска станица за безбедност на сообраќајот денеска имаше превентивно – едукативна активност „И јас и ти сме пешаци, сите сме пешаци“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш, секој повик може да почека“. На граѓаните учесници во сообраќајот им се поделија превентивно-едукативен материјал флаери со цел цел превенирање на сообраќајните незгоди и намалување на бројот на жртвите во сообраќајот, појасни Самарџиев.
Тој информира дека ваквите едукативни активности на СВР Велес се одржуваат континуирано и ќе продолжат во текот на целата година. Потсети дека досега се одржани неколку превентивно-едукативни активности „Стави појас додека возиш“, „Алкохолот и воланот се лоша комбинација“, „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа