Полицаец во Индија уби четири лица во воз, меѓу жртвите е и негов колега
Полицаец на индиските сили за заштита на железницата (РПФ) е уапсен откога уби четири лица во воз во близина на Мумбај, пишува Би-би-си.
Полицијата соопшти дека обвинетиот полицаец Четан Кумар убил висок функционер на РПФ и тројца патници.
Полицијата објави дека го истражува мотивот на Кумар и се обидува да ги идентификува убиените патници.
Висок функционер на Западната железница им рече на новинарите дека се чини дека немало кавга меѓу Кумар и другите пред пукањето.
„Се чини дека не му беше добро“, рече тој.
31.07.2023 - 20:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа