Почна наплатата на билетите за Аја Софија
Туристите кои во иднина ќе сакаат да го посетат Истанбул а со тоа и една од најголемите атракции Аја Софија, ќе треба да издвојат повеќе пари.
За посета на овој споменик на културата странските посетители ќе треба да платат 25 евра.
За турските граѓани влезот ќе остане бесплатен.
Ова се должи на одлуката да се одвојат туристите од верниците. Туристите ќе влегуваат од посебни влезови. Исто така, за да се зачува мирот и тишината за време на службите, туристите со себе повеќе нема да може да имаат туристички водич туку со сите информации поврзани со оваа атракција ќе се запознаат преку специјални слушалки со интегрирани предавање на повеќе од 20 јазици.
Како што изјави министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, наплатата на билетите е во согласност со препораките на Унеско. Се надеваат дека на овој начин ќе го заштитат овој споменик на културата, ќе организараат посети и ќе спречат гужви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа