„Почивај во мир школски“: Основното училиште на Андреј ДНК отвори Книга на жалост

 

Основното училиште „Лазо Трповски“ каде се школувал починатиот пејач на ДНК, Андреј, отвора Книга на жалост.

-Со скршено срце и неизмерна тага заради огромната трагедија во Кочани, како и загубата на нашиот школски другар, сосед, пријател Андреј Ѓоргиески, отвораме Книга на жалост.
Книгата на жалост ќе биде отворена на 20-ти март во 10:30 часот во Т.Ц. Лептокарија, на делот кој ние го нарекувавме „коцка“ и во кој ги поминавме најубавите години на смеа и дружење токму со Андреј. Ве повикуваме сите, да бидеме заедно во тагата, како што бевме и во радоста, да го чуваме споменот на еден човек со огромно срце и несебична грижа за другите и послабите каков што беше Андреј. Засекогаш твоите другари и другарки од основно и маало. Почивај во мир школски, стои во објавата.

20.03.2025 - 13:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега