Почина таткото на Влатко Ѓорчев кој падна во кома по примањето на вакцина против Ковид 19

На Клиниката во Ниш денеска почина специјалистот по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев (72). Тој е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев.

Докторот Анѓелко Ѓорчев падна во кома само две минути откако ја прими вакцината против коронавирус во Ниш предминатиот викенд. 

Ѓорчев има обемна биографија. Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист.

Како доцент и професор работи на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем.

Професорот има специјализации и дополнителни усовршувања со конгреси, обуки и семинари во: Љубљана 1980, Лион и Париз 1986, Белград 1987, Будимпешта 1998, Лондон 1990, Брисел 1991, Мајами, Париз, Виена 1992, Сан Франциско, Лондон (Англија – Ројал Бромптон Болница), Ерусалим, Фиренца, Ротердам 1993, Ница, Столкхом 1994, Барселона, Сиетел 1995, Њу Орлеанс 1996, Берлин, Лондон 1997, Бирмингем и Саутемтон 1998, Мадрид 1999, Торонто 2000, Лисабон 2000, Берлин 2001, Неапол 2002, Виена 2003, Париз 2003, Амстердам 2004, Копенхаген 2005, Минхен 2006, Столкхом 2007, Берлин 2008, Барселона 2008, Виена 2009, Варшава 2009, Италија 2010, Бугарија 2010, Барселона 2010, Лондон 2010…

Беше член на Американското торакално здружение, Европско респираторно здружение, Британско торакално здружение и на Француско респираторно здружение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2021 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега