Почина хирургот д-р Горан Беговиќ
Почина Горан Беговиќ, субспецијалист хирург, кој воедно беше и еден од најгласните синдикалци. Информацијата ја објави Асоцијација на специјализанти и млади лекари, кои се простија од нивниот колега.
„Со огромно жалење и неверување објавуваме дека денес починал Д-р Горан Беговиќ, субспецијалист хирург. Др.Беговиќ беше и Претседател на Самостојниот синдикат на вработените во Клинички центар Скопје, и како претседател на ССКЦ оствари многу за сите колеги, дел од Клиничкиот центар. Доктор Беговиќ секогаш ќе биде дел од Синдикатот на Клинички. Нека ти е лесна земјата и вечна ти слава почитуван докторе!“, порачаа од АСМЛ.
Беговиќ беше синдикалец кој се бореше за повисоки плати за докторите. Тој во изминатите години работеше на спроведување на колективниот договор, но и за подобри услови во здравството. Беговиќ го потпиша и анексот на колективниот договор за зголемување на коефициентот на медицинските сестри. Докторот беше еден од најгласните и во 2015 година, кога на протести бараше правда за негови колеги.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа