Почина еден од повредените во пукањето пред болницата во Тетово, сите осомничени на слобода
Еден од повредените во пукањето кое се случи минатата недела пред Клиничкиот центар во Тетово им подлегна на повредите, јавува локалната телевизија Коха.
Според медиумот станува збор за 41-годишен жител на тетовското село Гајре. Уште по пукањето, беше познато дека едно лице е во тешка состојба и дека се бори за живот.
Пукањето се случи пред девет дена. Две лица добија притвор, а по 48 часа, беа ослободени. Тетовците кои завршија зад решетки се само двајца од четворицата осомничени во случајот со пукањето. Засега државните органи соопштија дека причината се нерасчистени фамилијарни односи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа