По прозивката од Меџити, Османи демантира дека се сретнал со Груевски во Будимпешта

 

Шефот на македонската дипломатија и потпретседател на ДУИ, Бујат Османи демантира дека се сретнал со експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, сега бегалец во Будимпешта.

Демантот министерот за надворешни го испрати прекку својот личен фејсбук-профил, откако за наводна средба со Груевски вчера јавно беше прашан од лидерот на новоформираната партија во албанскиот опозициски блок – Демократско движење, Изет Меџити.

Поранешниот член на „огнените“, а сега лидер на Демократско движење вчера во објава на социјалната мрежа напиша:

    „Јавно прашање за Бујар Османи: дали беше на службена или приватна посета во Будимпешта кога се сретна со Никола Груевски?“

Неколку часа подоцна со демант се јави министерот за надворешни работи.

„Еднаш рекоа дека се сретнал со Али Ахмети, па рекоа – не, се сретнал со Артан Груби, сега јас сум се сретнал со него! Можеби од четврти пат ќе погодат!“, напиша Османи на Фејсбук.

Меџити пред десет дена, исто така преку Фесјбук, јавно праша дали е точно дека на експремиерот Груевски ќе му биде вратен пасошот.

 

19.09.2023 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега