По повод Денот на депортацијата на македонските Евреи, собраниска делегација ќе положи цвеќе

 

По повод одбележувањето на 11 март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, 80 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта-Треблинка, Собраниски делегации, ќе положат цвеќе на повеќе спомен обележја. 

Како што најавија од Собранието, денеска во Битола ќе положи цвеќе собраниска делегација во состав на Марија Кочовска, Олга Лозановска и Силвана Ангелеска. Цвеќето ќе биде положено во Здравствен дом „Хаим Абраванел“ - пред споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола и во Здравствен дом „Хаим Абраванел“ - пред споменикот на Естреја Овадија-Мара. 

Во петок во Штип собраниска делегација во состав на Емилија Рамбабова и Никола Мицевски ќе положи цвеќе пред споменик на депортираните Евреи, а во недела собраниска делегација во состав на Марија Георгиевска, Рашела Мизрахи и Иванка Василевска ќе положи цвеќе во Тутунски комбинат-Монопол, пред Споменикот на 7144 македонски Евреи и на  Еврејски гробишта - Градски гробишта Бутел, пред Споменикот на депортираните Евреи и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ во Скопје

09.03.2023 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега