По компликации од Ковид 19 почина актерот Љупчо Тодоровски - Упа

По компликации од коронавирусот почина познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски –Упа, потврдуваат негови колеги за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Љупчо Тодоровски –Упа покрај со актерство, се занимаваше и со театарска режија, филмска и ТВ продукција и пишување сценарија.

Глумел на осум јазици во над 30 филмови и ТВ серии, има петнаесетина театарски режии, десетици и десетици улоги во проекти и театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и безброј разни други сценски настапи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа