По четири дена борба, изгаснат големиот пожар на Беласица

 


Пожарот кој избувна во подножјето на планината Беласица на 10 овој месец, меѓу селата Смоларе и Мокрино, е изгаснат, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Шумскиот пожар е ликвидиран, а беше зафатена површина од околу 20 хектари најразновидна шума. На терен беа 7 вработени и 2 теренски возила од ЈП „Национални шуми“, ПШС „Беласица-Струмица“ , се наведува во информацијата од ЦУК.

Завчера дојде до повторно разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на село Смоларе и притоа се приближил кон црквата „Свети Петар и Павле“, но со брза интервенција не беше дозволено пожарот да се прошири.

Инаку, вчера и покрај влажнотo и студено време струмичките пожарникари интервенирале на пожар на отворено на запалена ниска вегетација, капини и тополи во село Робово, Општина Босилово.

14.11.2024 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега