По божикните празници ќе се разговара за кандидатите за амбасадори, меѓу нив и за Виктор Димовски
По божикните празници ќе се знае дали поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски ќе замине за амбасадор за Франција. Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека по празниците е планирано да има средба со претседателот на државата и премиерот на која ќе се разговара за целата листа на кандидати за испразнетите амбасадорски места.
– На 9-ти месецов, планираме со претседателот и премиерот да седнеме не само на таа тема, туку за целата листа што јас ја имам испратено за нови кандидати, околу 14 кандидати. Тоа е предлог кој треба да се филтрира, меѓутоа за целата листа вклучувајќи го и амбасадорот во Париз ќе се разговара од 9 јануари со претседателот, рече Османи.
Во јавноста се отвори прашањето дали поранешниот директор на АНБ Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз поради случајот со доделувањето на македонско државјанство на рускиот државјанин Олександр Онишченко, кој е на црната листа на САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа