По 21-ви пат „Пивтијада 2023“ во Куманово

 

По 21 пат во Куманово се одржа манифестацијата „Пивтијада 2023“, првпат во организација на здружението на граѓани „Еко Гард“. Над десетина домаќинки учествуваа на манифестацијата со подготвен зимски специјалитет – пивтија.

– Ја продолжуваме манифестацијата како здружение. И годинава манифестацијата има и ревијален и натпреварувачки карактер, учествуваат 11 домаќинки, има културно-забавен дел. Доаѓаат гости однадвор од држава и од соседните Србија и Бугарија. Планираме и во иднина да ја прошириме соработката со здруженија од овие две држави, изјави Зоран Бојковски, претседател на „Еко Гард“.

Учесничките велат дека за добро подготвена пивтија е потребно соодветна количина на месо, сол и лук, нагласувајќи дека пивтиите треба да се варат на тивок огин, да бидат проѕирни. Како прилог се подготвуваат различни додатоци со пипер, праз, како и туршии.

На годинашнава манифестација за кум беше избран Даниел Стојчевски.

19.01.2023 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега