„Плусинфо“: Можно укинување на зелениот картон – на граѓаните им се токмат повисоки цени за осигурување

 

Се размислува за укинување на зелениот картон, односно воспоставување единствена премија за осигурување на возилата од автоодговорност, како што тоа е дефинирано со директивите на ЕУ, иако во Законот за задолжително осигурување во сообраќајот има одредба според која ова ќе се применува дури после влегување на земјата во Унијата, пишуваПлусинфо.

Засега е непознато зошто владата размислува за предвремено применување на оваа директива. Од Министерството за финансии велат дека тие, заедно со Агенцијата за супервизија на осигурување и Националното биро за осигурување, веќе прават анализи за преминување кон овој модел.

Планот, како што објави порталот, е во првиот или вториот квартал од следната година да се добијат сите параметри и да се донесе одлука дали ќе се применува европскиот модел и кај нас, по што треба да се направат измени на Законот.

Ова за граѓаните кои поседуваат возила ќе значи и поскапување на осигурувањето, бидејќи во него ќе биде опфатено осигурувањето од автоодговорност и износот за зелен картон, покрај регистрацијата. Токму тоа била и причината што во Министерството за финансии и другите институции задолжени за осигурувањето се прават анализите пред да се обелодени намерата во јавност.

– Со оглед на тоа што примената на таквиот модел значително ќе ги зголеми трошоците на граѓаните при осигурување на возилата правиме анализи за преминување кон моделот што се применува во ЕУ, односно плаќање единствена премија за осигурување на моторните возила, која вклучува автоодговорност и зелен картон – велат од Министерството за финансии.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

 

 

21.12.2022 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега