Петровска: Пописот ќе биде релевантен, како пратеници ќе го набљудуваме спроведувањето

Создадени се сите нормативни услови за спроведување на пописот кој ќе се спроведе по сите меѓународни стандарди, порача пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска откако вчера во Собранието, со помош на опозициската коалиција на Алијанса за Албанците и Алтернатива, беше изгласан Законот за попис.

Петровка вели дека пописот, кој не е спроведен 19 години, ќе даде целосно релевантни податоци врз основа на кои ќе може да се креираат издржани политики и стратегии за развојот на државата.

Зошто, и покрај поддршката од Села и Гаши, Законот за попис беше донесен со „само“ 62 гласа

Пратениците, пак, ќе набљудуваат како тече неговото спроведување.

„Институциите, првенствено Државниот завод за статистика (ДЗС), сега треба да изработи методологија за спроведување на пописот која исто така, мора да биде достапна на јавноста. Со тоа граѓаните и јавноста во целина ќе бидат уверени дека процесот ќе биде статистичка, а не политичка операција како што некој се обидува да го стори тоа. Иако обврската на пратениците заврши вчера со изгласувањето на законот, сепак, ние како пратеници, како мнозинство, остануваме посветени на спроведувањето на овој процес во целина и ќе го набљудуваме и ќе ги користиме сите механизми кои ни стојат на располагање како парламент да го спроведуваме овој попис“, изјави Петровска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа