Петровска и Лудва потпишаа Договор за ремонт на хеликоптери

 

Денеска во Министерството за одбрана министерката Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешката Република во Северна Македонија, Јарослав Лудва потпишаa Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу двете влади.

Договорот кој е по принципот Влада со Влада е во рамки на планот за модернизација и опремување  на капацитетите на Армијата, и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми -8МТ во период од 13 месеци.

Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор Влада со Влада (G2G) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците.

23.12.2022 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега