Петер Стано ги повика Белград и Приштина итно да седнат на преговарачка маса

 

 

Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано, ги повика Белград и Приштина да создадат услови за продолжување на дијалогот.

„Работата на дијалогот е во тек. Изминативе недели повеќепати изјавивме дека од страна на ЕУ постои јасно очекување страните да преземат многу добро дефинирани чекори за деескалација и да создадат услови за продолжување на дијалогот“, рече Стано.

Тој ја нагласува важноста од продолжување на дијалогот, како и фактот дека сѐ уште не е утврден точниот датум на лидерската средба.

Специјалниот претставник за дијалог, Мирослав Лајчак, кој денес престојува во Белград, неодамна потврди дека новата лидерска средба ќе се одржи во текот на септември.

30.08.2023 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега